Ерлинг Халанд се враќа во тимот на Манчестер сити

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е подготвен да се врати на терените по повредата, потврди денеска тренерот на Сити, Пеп Гвардиола во пресрет на претстојниот натпревар против Саутемптон.

Репрезентативецот на Норвешка нема играно од март поради повреда на зглобот што ја заработи на натпреварот од ФА Купот против Бормут. Халанд се враќа во тимот во клучен период од сезоната, пред финалето на ФА Купот на 17. мај против Кристал Палас на „Вембли“.

Халанд беше на клупата победата на Сити над Вулверхемптон минатиот викенд, но не настапи. Манчестер Сити моментално е трет во Премиерлигата, со три бода повеќе од шестопласираниот Нотингем Форест, во битката за место во Лигата на шампионите.

Се вчитува...