Ерменија во Кипар ќе ја пречека Македонија во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија во Кипар ќе го одигра мечот против Ерменија во Лигата на нации. УЕФА ја донесе оваа одлука бидејќи Ерменија не може да игра на домашен терен поради конфликтот кој го има со Азербејџан во Нагорно Карабах.

Мечот ќе се игра најверојатно на стадионот на АПОЕЛ и Омонија „ГСП“, а ова ќе биде последен натпревар од Ц лигата од новото издание на Лигат на нации. Мечот е закажан за 18. ноември, а претходно Македонија на 15. истиот месец ќе игра со Естонија.

Историскиот натпревар за пласман на Европското првенство А-тимот против Грузија ќе го игра на 12. ноември.

Се вчитува...