Ерменците натурализираа Колумбиец пред мечот со Македонија во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Ерменија ќе биде засилена со колумбискиот интернационалец Вбејмар Ангуло за претстојниот меч против Македонија во Лигата на нации. Тој е играч од средината на теренот, настапува за тимот на Гандазар и доби ерменско државјанство како и одобрен ‘фудбалски пасош’ од УЕФА.

„Среќен сум што ќе можам да настапувам за ерменската фудбалска репрезентација. Пет години играм во Ерменија и долго го чекам овој момент. Ќе го дадам максимумот на секој меч во националниот тим доколку добијам повик од селекторот. Се надевам дека ќе бидам вклучен уште за претстојниот дуел против Македонија во Лигата на нации“, изјави Вбејмар Ангуло за сајтот на Фудбалската федерација на Ерменија.

Македонија ќе ја пречека Ерменија на 5.септември на арената „Тодор Проески“ во првиот меч од новиот циклус на Лигата на нации од групата Ц.

Се вчитува...