Ерменците убедени дека лесно ќе ја елиминираат Ренова: Не ги потценуваме, но…

Во таборот на ерменскиот Алашкерт се убедени дека може да ја елиминираат Ренова во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Стратегот на ерменскиот состав, Егеш Меликјан верува дека Алашкерт ќе ја оправда фаворитската улога и со триумф ќе го стартува европското лето.

„Воопшто не сакаме да го потцениме противникот, но веруваме дека сме подобар тим чија цел е секако пласман во следното коло. Добро го анализиравме составот на Ренова, кој нема некои поединци кои се издвојуваат но играат цврст, дефанзивен фудбал кој се потпира на колективот. Подготвени сме за предизвикот и со максимален ангажман на терен сигурно ќе ја оствариме нашата цел“ – вели Меликјан.

Натпреварот меѓу Алашкерт и Ренова на националниот стадион „Вазген Саргсјан“ во Ереван се игра со почеток од 18 часот.

Се вчитува...