Ернест Ѓока: Мораме да се извиниме за нашето издание во Велес

Шкендија доживеа шокантен пораз (4-2) во Велес од последнопласираниот Борец и не успеа да ја искористи можноста за намалување на бодовната негатива во однос на Вардар. Тренерот Ернест Ѓока вели дека тој ја презема одговорноста за слабото издание и порачува дека сите треба да им се извинат на фановите за настапот против Борец.

„Не бевме на потребното ниво. Мораме да се извиниме за нашето издание, а јас ја преземам одговорноста за поразот. Ова е многу голем „кикс“ за нас, не смеевме да си го дозволиме. Направивме многу грешки на натпреварот и тоа беше кобно за нас. Ќе ги анализираме сите детали и ќе тренираме напорно за да ги исправиме грешките. Немаме многу време затоа што не очекува следниот првенствен меч“, изјави Ернест Ѓока.

Шкендија в среда во Тетово го пречекува Работнички во 23.коло од Првата лига.

 

Се вчитува...