Ернест Ѓока: На Шкендија и е потребна долга победничка низа

Шкендија убедливо го порази тимот на Македонија ЃП со 4-1 во Тетово и ја намали негативата во однос на лидерот Вардар на осум бода. Тренерот Ернест Ѓока е задоволен од изданието на тимот, но вели дека континуитетот на добри игри и резултати треба да продолжи за Шкендија да се впушти сериозно во трката за шампионската титула.

„Победата не прави среќни и не одржува во чекор за титулата, но ќе мора победите да ги продолжиме во континуитет. Мора да напоменам и дека не беше така лесен натпревар како што на крајот го отсликува резултатот. Македонија ЃП успеа да израмни, но ние реагиравме веднаш и постигнавме нови голови за водство. Шкендија мора да победува на секој натпревар и за тоа треба да го подготвиме тимот“, изјави Ернест Ѓока.

Следен предизвик за Шкендија е куп-натпреварот со Работнички во Скопје в среда. Првиот четвртфинален меч во Тетово заврши 1-1.

 

Се вчитува...