Ертел поради Русија „прецртан“ и за Олимписките игри

Еден од најдобрите француски бекови на денешницата, Томас Ертел и на Олимписките игри во Париз нема да настапува во националниот дрес, пренесуваат тамошните медиуми. Проблем за 35-годишникот и понатаму претставува неговиот клупски ангажман во Русија.

Искусниот бек од 2022 година се натпреварува за Зенит поради што доби забрана од страна на Француската кошаркарска репрезетнација за настап во националниот дрес. Франција мораше да игра без него на последното Светско првенство па доживеа дебакл, а и покрај тоа што претседателот на федерација Жан Пјер Сиутат најави негово враќање во репрезентацијата, за истото шансите се минимални.

Француските кошаркари по војната интервенција на Русија во Украина беа приморени да потпишат документ дека нема да настапуваат во рускиот шампионат, а и покрај тоа што Ертел го потпиша договорот, не го испочитува потпишувајќи повеќегодишен договор за соработка со клубот од Санкт Петербург.

Се вчитува...