Еруптираше Стеф Кари, постигна 51 поен за три четвртини (ВИДЕО)

НБА шампионот, Голден Стејт ја запиша четвртата победа во нова сезона триумфирајќи убедливо со 144-122 во дуелот со Вашингтон. Натпреварот го обележа спектакуларното издание на Стеф Кари кој постигна неверојатни 51 поени за три четвртини, во завршниот сегмент не беше на паркетот.

Тој имаше 15/24 шут од поле и 11/16 за три поени. За Кари ова е шести пат во кариерата да заврши натпревар со повеќе од 50 поени, а ова му беше 31. дуел во најсилната кошаркарска конкуренција во светот на кој постигнал 40+ поени. Одличното издание, Кари го најави во првата четвртина во која постигна 23 поени или половина од учинокот на неговата екипа.

Покрај Кари, кај првакот, одличен беше и Кевин Дурант со 30 поени, 8 скока и 7 асистенции додека Клеј Томпсон запиша 19 поени.

Кај Вашингтон Бредли Бил беше прв стрелец со 23 поени. За тимот од главниот американски град ова беше четврти сезонски пораз.

 

 

 

Се вчитува...