Ешли Барти до своето прво финале на Вимблдон

Ешли Барти славеше на дуелот против Анжелик Кербер со 2-0 во сетови, обезбедувајќи со го своето прво финале на Вимблдон во кариерата. Австралијката пред две години стигна до четвртата рунда на овој гранслем турнир, што и беше најголем успех во Лондон, но Барти игра во одлична форма и заслужено стигна до билет за финалето.

Таа почна одлично, уште на самиот почеток направи брејк на сервисот на Кербер и набрзина поведе со 3-0, задржувајќи ја предноста и добивајќи го првиот сет со 6-3. Кербер возврати со брејк на почетокот од вториот сет, Германката имаше и водство од 2-5, но и тоа се покажа недоволно. Барти успеа да се врати, се избори за тајбрејк, а потоа рутински славеше со 7-3 за пласман во големото финале.

Во битката за својата втора гранслем титула во кариерата таа в сабота ќе се сретне со победникот од второто полуфинале меѓу Плишкова и Сабаленка.

Се вчитува...