Ешли Барти е се уште прва тенисерка во светот, Ѓорческа напредуваше цели 20 позиции

Австралијката Ешли Барти е сеуште прва тенисерка во светот, пред Јапонката Наоми Осака и Романката Симона Халеп. Следат Софија Кенин, Елина Свитолина, Бјанка Андреску, Арина Сабаленка, Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.

Најдобрата македонска тениерка Лина Ѓорческа напредуваше за цели 20 позиции, па сега е на 339. место на листата на најдобрите светски тенисерки.

Единствената промена на врвот на списокот е враќањето на Петра Квитова меѓу првите десет во светот.

ВTA листа:

1. Ешли Барти (Австралија) 9.285 поени
2. Наоми Осака (Јапонија) 7.985
3. Симона Халеп (Романија) 6.965
4. Софија Кенин (САД) 5.915
5. Елина Свитолина (Украина) 5.750
6. Бјанка Андреску (Канада) 5.265
7. Арина Сабаленка (Белорусија) 5.085
8. Серена Вилијамс (САД) 4.850
9. Каролина Плишкова (Чешка) 4.660
10. Петра Квитова (Чешка) 4.530

Се вчитува...