Ешли Барти го освои ВТА турнирот во Штутгарт

Најдобрата тенисерка во светот, Ешли Барти триумфираше на ВТА турнирот во Штутгарт откако во финалето славеше над Белорусинката, Арина Сабаљенка со 2-1, по сетови (3-6, 6-0 и 6-3).

Клучна во мечот беше серијата на Австралијката од девет гема во низа со кои покрај тоа што го освои вториот сет, поведе и со 3-0 во одлучувачкиот трет. За Барти ова е јубилејна десетта титула во кариерата, со која ќе ја зголеми предноста на врвот на ВТА листата.

Се вчитува...