Ешли Барти ќе донира за штетите од катастрофалните пожари во Австралија

Тенисерката број еден во светот, Ешли Барти освоените пари на турнирот во Бризбејн ќе ги донира во фондот за помош на настраданите во катастрофалните пожари во нејзината родна Австралија. Таа е прва носителка на турнирот во сингл, а ќе се натпреварува и во двојки со Холанѓанката Кики Бертенс. Наградниот фонд е околу 1,5 милиони австралиски долари или 763. 300 фунти.

„Мора да се погрижиме за ова што се случува во Австралија. Ова почна пред неколку месеци и предолго трае. Првпат видов колку е страшно кога се враќав од финалето на Фед купот од Перт на источниот брег на Австралија. Од авионот се гледаше огнот и чадот“ – вели Барти.

Од септември пожарите во Австралија убија 24 лица, уште многу се водат како исчезнати, уништени се 1200 домови, а се проценува дека огнената стихија однесе 480 милиони животни.

 

 

 

Се вчитува...