Ешли Јанг уште една сезона на „Олд Трафорд“

Ешли Јанг ги отстрани дилемите околу својата иднина договарајќи ги условите за нова едногодишна соработка со Манчестер Јунајтед. Актуелниот договор на Јанг истекува на крајот од сезонава и тој во меѓувреме доби понуди од Интер и од неколку премиерлигаши, но 33-годишниот дефанзивец на крајот сепак реши да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“.

Понудата од 110.000 фунти неделна плата беше премногу добра за да биде одбиена од страна на овој ветеран, кој веднаш ги прифатил понудените услови, а потписот на договорот ќе се случи до крајот на оваа седмица. Со тоа „ѓаволите“ ќе продолжат со потписите на клучните играчи кои се пред истек на договорите, откако претходно истото го сторија и Лук Шо и Ентони Марсијал.

Останува да се види дали по нивните стапки ќе тргне и Хуан Мата, за кого се интересираат како слободен играч да го донесат Арсенал, Барселона и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...