Личина не е повеќе дел од Малишева

Есмин Личина, македонскиот интернационалец кој во минатата сезона настапуваше во косовското првенство во дресот на Малишева, не е повеќе дел од оваа екипа. Тој после една година си заминува од овој тим, и сега ќе бара нов ангажман.

26-годишниот стопер се реши да си оди од тимот после една година, откако минатото лето од Македонија ЃП се приклучи на овој тим. Во изминатата сезона одигра 13 натпревари во косовскиот шампионат.

Личина е поранешен играч на Македонија ЃП, Скопје и Вардар, а Малишева му беше прв интернационален предизвик во кариерата.

Се вчитува...