Еспањол e големиот победник по последното коло во Ла Лига, откако тимот од Барселона славеше на домашен терен над Лас Палмас со 2-0, триумф со кој стигна до опстанокот во елитното друштво.
Еспањол имаше предност од два бода во однос на Леганес, а откако тимот на Леганес поведе со 3-0 уште во првото полувреме против испаднадиот Валјадолид, стана јасно дека каталонците ќе мораат да слават ако сакаат да го сочуваат прволигашкиот статус.
Домаќините се мачеа да создадат шанса, но сепак поведа со сомнителниот пенал што го реализираше капитенот Пуадо. До крајот, Еспањол успеа да постигне и втор гол преку Милја во 82. минута, на огромна радост на домашните навивачи на стадионот во Барселона.
Покрај Леганес, летово во втората лига се селат и екипите на Лас Палмас и на Валјадолид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА