Еспањол тргнува по Енис Барди!

Енис Барди се приклучи на подготовките на Леванте, но престојот на македонскиот репрезентативец во клубот од Валенсија би можел да биде пократок од очекувањата откако Еспањол искажа интерес за да го доведе Барди во своите редови.

Леванте во текот на летово го доведе во всоите редови Гонзало Мелеро, за кого се очекува да биде стандарден првотимец. Во ситуација кога тимот од Валенсија ги има и Рокина и Кампања како „сигурни во првите 11“, се поставува прашањето дали Барди по серијата извонредни игри во финишот од ланската сезона ќе го задржи првотимскиот статус.

Шпанските медиуми најавуваат дека Македонецот е достапен за трансфер доколку пристигне интересна понуда, а Еспањол е подготвен за преговори со Леванте. Клубот од Валенсија бара 15 милиони евра, тимот од Барселона ќе се обиде да ја спушти оваа сума на околу 10 милиони, па останува да се види дали ќе може да се пронајде заеднички јазик за Барди во текот на летово да го облече дресот на Еспањол.

Се вчитува...