ЕСПН: Интер тргнува по Енис Барди!

Италијанскиот прволигаш Интер ги следи настапите на Енис Барди и би можел да испрати понуда за македонскиот репрезентативец во текот на летниот преоден рок. Ова го тврди ЕСПН повикувајќи се на извори од управата на „нероаѕурите“, за кои Барди е една од опциите за засилување на средниот ред за наредната натпревраувачка сезона.

Интер сака да го откупи договорот на Рафиња со Барселона доколку се договори за висината на отштетата, денеска се шпекулираше и со името на Илкај Гундоган од Манчестер сити, но според ЕСПН исто така и Барди би можел да дојде на „Џузепе Меаца“. Тој би излегол во преден план доколку Интер не обезбеди учество во ЛШ, со што би се намалил и буџетот за нови засилувања, а Барди би бил достапен за околу 10 милиони евра, сума далеку пониска од оние на Рафиња и на Гундоган.

Македонскиот репрезентативец има одлично дебитантска сезона во Леванте, постигнувајќи девет погодоци иако неколку месеци мина закован на клупата за резерви. Тој неодамна се врати во стартниот тим и постигна по два гола против Атлетик Билбао и против Барселона, со што го привлече врз себе вниманието на дел од европските гиганти, меѓу нив и Интер.

Се вчитува...