ЕСПН: Ова е сумата што ПСЖ ја бара за Мбапе!

ПСЖ експресно ја оди првата понуда на Реал Мадрид во висина од 160 милиони евра за Килијан Мбапе, но францускиот клуб е подготвен да ги продолжи преговорите за продажба на извонредниот голгетер.

Телевизијата ЕСПН повикувајќи се на извори блиски до управата на „светците“ ја објави и цената што ПСЖ ќе ја бара за својот најдобар стрелец во овие преговори. Според ЕСПН, Ал Келаифи и Леонардо ќе дадат зелено светло за преселба на Мбапе во Мадрид доколку Реал плати 200 милиони евра. Станува збор за сума за 40 милиони евра повисока од она што Реал синоќа го понуди, па ќе биде интересно да се види следниот потег на Флорентино Перез.

Првиот човек на Реал Мадрид не крие дека сака да го види Мбапе во својот клуб, но реалноста вели дека Французинот следното лето би можел без никаква отштета да пристигне на „Бернабеу“. Дали вреди сега да се плати богатство во период кога Флорентино упорно се жали на криза и беспарица, или подобро е да се почека, ќе видиме во наредните денови, до крајот на овој преоден рок.

Се вчитува...