ЕСПН: Само три кошаркари на светот се подобри од Лука Дончиќ

Осум дена не делат од новата НБА сезоната, а по овој повод американскиот медиум ЕСПН  ја објави годишната листа на најдобрите НБА кошаркари, меѓу кои е и Лука Дончиќ.

Меѓу најдобрите десет има и два играчи од Балканот, Никола Јокиќ е на 10. место, додека  словенското „џудо од дете“ го завзема четвртото место на листата.

Младата суперѕвезда се наоѓа зад дуото на Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, додека трет е актуелниот најкорисен играч на лигата, Јанис Адетокумбо. На петтото место е Каваи Ленард, а зад него следат Кевин Дурант, Дамиен Лилард, Стеф Кари и Џејмс Харден.

Се вчитува...