ЕСПН: Заканите на УЕФА се залудни, ЛШ продолжува со Челси, Сити и Реал Мадрид

„Превластот“ во европскиот фудбал стигна и „преку барата“, каде тамошните медиуми, меѓу кои е и ЕСПН пренесува дека заканите на УЕФА кон тимовите креатори на Суперлигата се заслудни и дека исфрлањето од Лигата на Шампионите, Лига Европа и домашниот првенства се само празни закани на „куќата на фудбалот“.

„Во петок мора да има вонреден состанок на Извршниот одбор. Очекувам дека сите 12 клубови ќе бидат исфрлени, а истотака очекувам и тимовите кои ја одбраа Суперлигата (Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити) да ги избркаме од Лигата на Шампионите, па да видиме како ќе го завршиме натпреварувањето“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Данска, Jeспер Милер во текот на вчерашниот ден.

Но, сепак се чини дека како што одминуваат деновите така и се намалува жарот. Според својот извор, ЕСПН наведува дека УЕФА не планира да ја исфрли „тројката“ од ЛШ, како и Манчестер Јунајтед и Арсенал од ЛЕ, и овие натпреварувања ќе се доиграат според планот.

Воедно на тоа наведуваат и денешните зборови на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој изјави, ‘Господа, згрешивте, но има време да се предомислите’.

Се вчитува...