Естонија, нова шанса за македонските кошаркари

Ререпрезентацијата на Македонија, после стартниот пораз од Израел во олимписките претквалификации, денеска оди на мегдан со домаќинот Естонија. Тоа ќе биде уште еден тежок дуел за избраниците на Александар Јончевски, после високиот пораз од Израел во текот на вчерашниот ден.

Овој дуел ќе покаже дали Македонија ќе ги задржи шансите за пласман во следната рунда, или дефинитивно ќе се збогува од Олимписките игри.

Македонија ако сака победа, ќе мора да одигра далеку подобро од вчера против Израел. Пред се во одбраната, и во скокот, како што потенцираше и самиот селектор после поразот вчера.

„Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел постигна дури 16 поени од втора шанса. Немаме многу време да се навраќаме. Секако дека не сме се откажале. Ја гледаме нашата шанса и треба да прикажеме максимално борбена игра за да дојдеме до позитивен резултат“, изјави Јончевски.

Се вчитува...