Естонката Контевејт „фуриозно“ и против Плишкова

Естонската тенисерка, Анет Контевејт стигна и до втората победа на ВТА завршниот турнир во Гвадалахара, Мексико откако овојпат славеше над чешката тенисерка, Каролина Плишкова со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-0.

Доколку вечер втората чешка тенисерка, Барбора Крејчикова слави над Шпанката, Гарбиње Мугуруза, Контевејт ќе биде првата тенисерка која ќе обезбеди полуфинале на завршниот турнир во Гвадалахара.

 

 

 

Се вчитува...