Естонскиот селектор воодушевен од Македонија: Тие немаат некоја слабост…

Селекторот на естонската репрезентација Карел Волаид не го крие воодушевувањето од македонската селекција пред меѓусебниот дуел денеска во Талин во 3. коло од Ц лигата на УЕФА Лигата на нациите.

Според Волаид, Македонија и нема некои нагласени слабости во тимот кои може да се искористат за да се дојде до победа.

„Македонија е навистина специфичен противник. Ги анализиравме добро и може да кажам дека немаат некоја нагласена слабост во тимот, која може да се најде и кај далеку подобри репрезентации. Не може да се каже дека имаат послаба одбрана или послаб напад, но играат модерен фудбал а колективот е нивниот најголем квалитет“ – вели Волаид пред денешниот натпревар.

Естонија и Македонија во 3. коло од Лигата на нациите ќе играат денеска во Талин со почеток од 18 часот.

Се вчитува...