Естонците ни „сервираа“ лажна тревога: Димитриевски и двајцата членови на А-тимот се негативни на повторените тестови

Повторените тестови на тројцата членови на македонската експедиција во Талин, меѓу кои и голманот Столе Димитриевски, кај кои првичните тестови на Ковид-19 беа позитивни, се негативни.

Како што информираат од ФФМ, повторените тестови се негативни на коронавирусот, поради што апсолутно непотребна беше изолацијата во хотелот во Талин. Поради наредбата од здравствените власти на Естонија, Димитриевски не доби право за настап и на натпреварот од Лигата на нациите и покрај дозволата од УЕФА.

Се вчитува...