Естонците преполовени за дуелот со Македонија

Естонската репрезентација со преполовен состав ќе настапи на „балонот“ во Талин. Селекторот Јука Тоијала нема да може да смета на својот најдобар играч од Скопје, Кристиан Куламае кој во првиот натпревар погоди пет тројки и постигна 31 поен, како и на Слим Сандер Вене и Малик Калев Косар.

Покрај нив, мали се и шансите за настап на Хенри Дрел и Сандер Раиесте, играчите на италијански Пезаро и шпанска Басконија, кои се наоѓаат на поширокиот состав. Големата надеж на естонската кошарка од редовите на италијанскиот тим мора да добие негативен тест на коронавирусот, а неговиот последен тест е позитивен.

На пошироките состав на Естонија се наоѓаат 16 кошаркари:

Кер Криса (Аризона-САД)
Слим-Маркус Пост (Талин Калев)
Раин Вајдеман (Рошток-Германија)
Мартин Дорбек (Калев/Крамо)
Мартин Пасоја (Реал Ваљадолид-Шпанија)
Јанари Јаесар (Манреса-Шпанија)
Сајмон Сут (Рапла)
Хенри Дрел (Пезаро)
Сандер Раиесте (Басконија-Шпанија)
Јан Пуидет (Талтеч)
Танел Курбас (Калев/Крамо)
Микел Кирвес (Парну)
Кристијан Китсинг (Ритас Вилнус -Литванија)
Крегор Хермет (Калев/Крамо)
Рауно Нургер (Калев/Крамо)
Каспар Трејер (Динамо Сасари-Италија)

Се вчитува...