Ете ја големината на Реал Мадрид, нема дилеми – ПСЖ е супер-лузер во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако во реваншот од осминафиналето славеше на домашен терен со 3-1 над Пари Сен Жермен и со вкупни 3-2 го елиминираше првиот фаворит за освојување на „ушкото“.

По првите 60. минути се навестуваше дека „светците“ без проблеми ќе се пласираат меѓу осумте најдобри откако Килијан Мбапе во 39. минута донесе водство од 0-1. Сепак, неверојатниот Карим Бензема и големата грешка на Џанлуиџи Донарума се променија.

Италијанецот направи голема глупост, која Бензема ја искористи за израмнување на 1-1, а потоа со два гола во периодот од 76. до 78. минута ги постави конечните 3-1 и го одведе тимот од „Сантијаго Бернабеу“ меѓу најдобрите осум на стариот континент.

Во вториот натпревар од вечерашната понуда Манчестер сити одигра реми без голови против Спортинг Лисабон и со тоа се пласираше во следната рунда откако на првиот меч во Португалија славеше со убедливи 0-5.

 

 

 

Се вчитува...