Ете, што значи Меси: Аргентинците прекинуваат натпревари во негова чест (ВИДЕО)

Лионел Меси стави крај на својата репрезентативна кариера, а Аргентинците решија да му оддадат почит на посебен начин.

Во ова име, ФС Аргентина донесе одлука сите натпревари во машката и женската лига да бидат прекинувани во 10. минута од дуелите, со едноминутен аплауз, да му се оддаде почит на Лео, најголемиот на сите времиња.

Ова веќе се случи на натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Велез во осминафиналето од Купот на Аргентина.

Во тој момент, целиот стадион стана, аплаудираше и со тоа покажа почит кон Меси за сè што направи во дресот на репрезентацијата. Во тој момент, на теренот беше и Леандро Паредес, кој беше негов соиграч во редовите на „гаучосите“ на Мундијалот 2026.

Се вчитува...