Етеми асистент во победата на Истанбулспор над Бурсаспор (ВИДЕО)

Новопечениот македонски фудбалски репрезентативец Валон Етеми беше двоен асистент во победата на Истанбулспорт на гостувањето кај Бурсаспор од 2-4. Етеми маестрално го проигра Сарикаја за вториот гол на тимот од Истанбул.

Сарикаја беше стрелец и на првиот гол за гостите, а останатите два гола ги постигнаа Топали и Јилмаз, за кој гол повторно асистираше Етеми.

Со овој триумф Истанбулспор се искачи на осмата позиција на првенствената табела, додека поранешниот прволигаш паѓа се повеќе и повеќе и во моментов е на 11. место.

 

 

Се вчитува...