Македонскиот фудбалски репрезентативец Валон Етеми беше најдобар фудбалер на својот Истанбулспор во триумфот на гостувањето кај Ерзурум од 1-3 во првиот натпревар од полуфиналето за влез во Првата турска лига.
Нашиот репрезентативец прво асистираше за првиот гол на својот тим во 16. минута кој беше дело на Јазган, а потоа и го постигна голот за 0-3 во 75. минута. До крајот на мечот домаќините успеаја да намалат преку Тозлу во 80. минута на 1-3. Гостите зголеми ја 1-4 во 86. минута, а конечните 2-4 ги постави Тозлу во 97. минута.
Реваншот во полуфиналето кој Истанбулспор ќе го игра на домашен терен е закажан за 29. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА