Етеми со убав гол донесе повеќе од важна победа за Истанбулспор

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми го запиша својот шести погодок сезонава во дресот на Истанбулспор, учествувајќи со гол во повеќе од важната победа од 3-1 на неговиот тим против Бурсаспор во 32. коло од Втората турска лига.

Откако на дуелот на домашен терен, Истанбулспор почна со негатива по погодокот на гостите преку Алашгаров уште во 7. минута од средбата, потоа следеше комплетен пресврт.

Најпрво, во 33. минута Јазган израмни на 1-1, а Валон Етеми во 68. минута убаво погоди и за предност од 2-1.

Конечните 3-1 беа дело на Топали буквално во последните секунди од натпреварот.

Со оваа победа, Истанбулспор ја продолжи битката за водечките две позиции на табелата кои водат кон директна промоција за влез во најсилната лига во Турција.

Се вчитува...