Етеми стрелец Истанбулспор се приклучува во борбата за промоција (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Валон Етеми продолжува со одличните настапи во втората турска лига и влегува во се поголема форма пред бараж натпреварот против Италија на 24. март за пласман на Светското првенство.

Тој беше стрелец на погодок во победата на неговиот Истанбулспор од 0-2 на гостувањето кај Тузласпор во 28. коло. Тој го постигна првиот гол за својот тим во 12. минута, додека конечните 0-2 ги постави Јилмаз во 25. минута.

Валон Етеми беше заменет во 70. минута од натпреварот.

 

 

 

Се вчитува...