Ето: Балотели ми е како брат, но…

Легендарниот африкански фудбалер, Сaмуел Ето се потсети на времињата поминати во италијанскиот гигант Интер каде соиграч му беше секогаш контроверзниот Марио Балотели.

„Го сакам Марио и тој ми е како помал брат. Сепак, никогаш не покажа ниту 10 отсто од своите способности. Марио кој го гледав на тренинзите кога сакаше да биде најдобар, не беше ниту 10 отсто од тоа што го покажуваше на мечевите“, изјави Ето. 

Балотели во летото 2010 го напушти Интер преминувајќи во Манчестер Сити, а потоа играше и за Ливерпул, Милан, Ница и Марсеј, се до годинава кога потпиша за Бреша.

Се вчитува...