Еторе Месина го продолжи договорот со Милано

Етор Месина потпиша договор со Олимпија Милано до 2026 година. Иако во последно време се соочуваше со притисок поради слабите резултати, имаше и шпекулации за негова смена, меѓутоа од клубот имаат доверба во искусниот тренер.

Претседателот на италиојанскиот клуб, Пантело дел Орко соопшти дека му е продолжен договорот до 2026 година. Се најавуваше дека овој договор е постигнат уште пред неколку недели, но сега е официјализиран.

Клубот не ја почна сезоната согласно очекувањата. Имаат само пет победи од 10 натпревари во Италија, што е најлошиот почеток во последната деценија. Исто така не се прославија ниту во Евролигата, каде што имаат само четири победи во 11 меча.

Се вчитува...