Може да бидат среќни и задоволни навивачите на ПСЖ. Тренерот кој им ја донесе единствената титула во Лигата на шампионите во историјата, Луис Енријке ќе остане уште долго во клубот.
Според француските медиуми, клубот е задоволен од Шпанецот, и ќе му понуди нов договор, Клубот е свесен дека тој е вистинското решение, дека е лидер во овој проект, и ќе му понудат договор со кој ќе го „врзат“ на уште многу години.
Преговорите на двете страни се во напредна фаза, и се очекува наскоро да биде официјализиран. Сегашниот договор на Енрике со ПСЖ истекува во 2027 година.
Енрике ја презеде екипата во 2023 година, и освои 11 трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите. Францускиот гигант и оваа сезона ќе може да го освои трофејот, откако се пласираше во финалето, а таму ќе игра против Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
