Еуфорија во Скопје – победата на Македонија се слави со песна, зурли и тапани (ВИДЕО)

Голема еуфорија владее во Скопје и во другите градови во Македонија, по победата над Италија и историскиот пласман во финалниот бараж за пласман на Светското првенство.

Триумфот ќе се слави уште долго во ноќта, а вечерва на скопскиот плоштад и низ улиците може да се видат распеани граѓани, развиорени знамиња, песни, зурли и тапани.

Македонија заслужи вакво славје после оваа голема победа, а во вторник нека биде уште поголемо, уште помасовно кога репрезентаицјата го игра натпреварот на векот, за пласман на Мундијал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...