Еуро Никел го испрати Јане Петровски во пензија (ФОТО)

Македонската кошарка ова лето остана без уште една кошаркарска легенда откако Јане Петровски се одлучи да „ги закачи патиките“. Плејмејкерот за прв пат во сениорската кошарка настапи во сезоната 2003/04 за Никол Ферт, на кратко го носеше дресот и на Поло Трејд по што следеше трансфер во редовите на МЗТ Скопје каде настпуваше од 2004 до 2008 година пред првиот интернационалец предзивик – Сопрон.

На интернационалната сцена настапи и за бугарскиот Рилски пред враќањето во редовите на „сино-белите“ за сезоната 2010/11. По една сезона помината со аеродромци се пресели во редовите на Работнички каде настапуваше од 2011 до 2015 година пред преминот во тогашниот Фени Индустри, денеска Еуро Никел, клуб чии бои ги бранеше од 2015 до 2021 година.

Минатата сезона Петровски беше еден од клучните играчи кои го предводеа кавадаречкиот состав во финалето на македонската кошарка со што остави белег за клубот, кој пак не заборави со сјаен гест да го испрати својот миленик во заслужена пензија.

Се вчитува...