Еуро Никел му нанесе сериозен удар на Кожуф во битката за плеј-оф

Кошаркарите на Еуро Никел му нанесоа сериозен удар на Кожуф во битката за плеј-оф совладувајќи го со 84-75 во натпреварот од 21. коло во домашниот шампионат.

Гевгеличани одлично го почнаа натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 15-17, но по максимално израмнетото прво полувреме, во вториот дел домашните создадоа предност која на крај значеше триумф.

Пресудна за победа на Еуро Никел беше последната четвртина која домашните ја добија со 24-18, за на крајот конечна победа од девет разлика, 84-75.

Рикиќ беше предводник во победата на Еуро Никел со 29 поени, дополнети и со 14 скока. А по 13 поени постигнаа Караколев и Соколов. Кај гостите се издвои Лок со 20 поени, а со 14 поени заврши Скот.

Овој пораз за Кожуф, кој е на шестата позиција на табелата, во голема мера може да значи губење на шансите и за место во плеј-офот ако се знае дека поголемиот дел од тимовите како МЗТ Скопје, Работнички, Куманово се со мал број досега одиграни натпревари.

Се вчитува...