Еуро Никел по „брејк“ во Скопје против фаворизираниот Работнички

Полуфиналето од разигрувањето за титула продолжува со натпреварот помеѓу Работнички и Еуро Никел од 18 часот во СРЦ „Кале“ во кој гостите ќе се обидат да стигнат до првата победа во сезоната против нашиот најтрофеен клуб и воедно да направат „брејк“ во серијата.

Работнички на овој натпревар влегува со фаворитска улога. Избраниците на Димитар Мираковски фатија залет во најбитниот дел од сезоната, во четвртфиналето „црвено-белите“ славеа со 2-0 против новалијата ТФТ, а голема помош доаѓа и од последните засилувања Иван Аска и Димитар Караџовски.

Во добра форма е и Еуро Никел кој без премногу проблеми славеше против Гостивар во четвртфиналето, но кавадарчани на овој натпревар мораат да дадат се од себе против тимот кој три пати излегуваше како победник во меѓусебните средби.

„Со самиот пласман во полуфиналето на плеј-фот за нас како клуб може да се каже дека сезоната е успешна, но тоа не значи дека на овој натпревар ќе одиме со бело знаме. Одигравме три натпревари со Работнички кои беа неизвесни до самиот крајо, но за жал истите ги загубивме. Ќе се обидеме на овој натпревар да изненадиме иако Работнички е фаворит. Ќе го дадеме максимумот па ќе видиме дали е доволно за победа“, изјави за ЕКИПА, Дарко Соколов.

Во полуфиналето од Купот на Македонија, Еуро Никел одигра одлични 30. минути по кои имаше и преднсот против „црвено-белите“, но избраниците на Самарџиев потфрлија во последната четвртина во која примија 28 поени.

„Предноста е во одбраната. Мораме да одиграме на подобро ниво од последниот натпревар во одбраната бидејќи имаат добри индивидуалци како Бундовиќ, Мулалиќ и Питс“, додава бекот на Еуро Никел.

Во центарот на вниманието на денешниот меч повторно ќе биде битката во рекетот во која високите играчи на Работнички ќе имаат задача да го сопрат Роберт Рикиќ. Интересно ќе биде и да ја видиме одбраната од „пик“ играта со оглед на тоа што двата тима негуваат сличен стил на игра.

Се вчитува...