Еуро Никел почна со подготовки за новата сезона

Кошаркарите на Еуро Никел денеска го одржаа првиот тренинг, со што беше означен стартот на подготовките на кавадаречкиот прволигаш во пресрет на новата сезона.

Летово беше крајно турбулентно за Еуро Никел откако компанијата што стои зад клубот најави повлекување, но за среќа страстите се смирија во последен момент, беше најден заеднички јазик и клубот продолжи да опстојува на домашната кошаркарска сцена.

Кавадарчани веќе договорија две странски засилувања, Американците Дубински и Смит, како нови кошаркари пристигнуваат Глигоријевиќ од Куманово и Двојаковски од Пелистер, од домашните играчи во клубот останаа Соколов, Караколев и Младеновиќ, а шанса ќе им биде дадена и на младите Тоше Златев, Никола Бојчев и Андреј Чадамов.

Се вчитува...