Еуро Никел се „лизна“ на гостувањето кај ФМП Академија

Кошаркарите на ФМП Академија стигнаа до помалку изненадувачки висок триумф над Еуро Никел со 80-65 во 4. коло од Првата лига на Македонија.

Домаќините одиграа неверојатна прва четвртина која ја добија со плус петнаесет 27-12. Предноста од првата четвртина успеаја да ја задржат во следните три периода и на крајот да стигнат до конечен триумф од 80-65.

Били Ајви со 17 и Лука Стојановски со 16 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените единствен расположен беше Џордан Калахан со 22 поени.

Се вчитува...