Еуро Никел се раздели со Горан Самарџиев

Македонскиот кошаркарски клуб Еуро Никел ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Горан Самарџиев.

Раководството на кавадаречкиот клуб преку соопштение потврди дека спогодбено се разделува со стратегот кој седум години помина како дел од стручниот штаб на клубот, а најголемиот успех го имаше во 2021 година кога со Еуро Никел играше финале во домашниот шампионат.

Од клубот од Кавадарци се уште нема информација кој ќе биде наследник на Горан Самарџиев на клупата на прволигашот.

Се вчитува...