Еуро Никел се засили со Ивица Димчевски

Ивица Димчевски е ново име во редовите на Еуро Никел откако овој кошаркар по заминувањето од Гостивар од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на актуелниот вицешампион на Македонија.

Кавадарчани тргнувааат амбициозно во обид да состават уште посилен тим во однос на лани. Откако не успеаја да стигнат до потписот на Робев, кој во последен момент се премисли и замина во МЗТ Скопје, челниците на Еуро Никел успеаја да постигнат целосен договор со Димчевски, кој уште пред повеќе од еден месец објави дека си заминува од Гостивар. Потпишаниот договор е со важност од една година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Димчевски пред Еуро Никел има настапувано и за екипите на Вардар, Торус, Куманово, Работнички, Струмица, Кожув и за Гостивар.

Кавадарчани се на добар пат да го потпишат и плејмејкерот на МЗТ Скопје, Кристијан Николов, а во тек се разговорите за задржување на Дарко Соколов и на Јане Петровски.

Се вчитува...