Еуро Никел со ново засилување – потпишува и Калахан од Пелистер

Еуро Никел продолжува да составува квалитетен тим, со кој кавадарчани би продолжиле со одличните настапи од ланската сезона во која овој тим стигна до финалето во плејофот.

Џордан Калахан е нов член на Еуро Никел откако Американецот реши да остане во мак-баскетот откако минатата сезона го носеше дресот на Пелистер. Битолчани решија да не го задржат американскиот бек, кој ја прифати понудата на Еуро Никел и сигурно ќе претставува значаен адут на тренерот Самарџиев во наредната сезона.

Воедно, македонскиот вицепрвак ги договори и деталите за трансфер на Обрад Томиќ, босанскиот центар кој во тимот би требало да го замени Рикиќ, кој се наоѓа блиску до преселба во МЗТ Скопје.

Само за потсетување, кавадарчани го осигураа и останувањето на најдобриот кошаркар од ланската сезона, Дарко Соколов, а потпишани како засилувања се и Ивица Димчевски од Гостивар, Бранислав Ѓекиќ од Куманово и Тео Атанасов од ФМП.

Се вчитува...