Еуро Никел станаа специјалисти за продолженија – Овој пат настрада Кожув

По победата над Пелистер по три продолженија, Еуро Никел овој пат во дополнителните пет минути славеше на гостувањето кај Кожув со 76-81. Првото полувреме домаќините беа далеку подобар противник и на пауза заминаа со плус десет (44-34).

Гостите од кавадарци заиграа далеку подобро во вториот дел, па на крајот успеаја да го одведат мечот во продолженија, каде подобро се снајдоа и стигнаа до конечен триумф од 76-81. Целата прва петорка на гостите заврши со двоцифрен учинок, а најдобар беше Роберт Рикиќ со 16 поени. Кај поразените недоволна беше одличната партија на Џошуа Скот кој заврши со 25 поени.

Се вчитува...