Еурофарм и со Стјепановиќ по триумф против Татран Прешов

По победата над Кокс во минатото коло, ракометарите на Еурофарм денеска од 17 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во обид и за втора победа во Лигата на шампионите, овој пат против словачкиот Татран Прешов.

Тренерот на битолчани Стевче Алушовски за дуелот со Словаците ќе располага и со десниот бек Невен Стјепановиќ. Во тимот нема да бидат голманот Благојче Трајковски и десниот бек Мартин Велковски, а продолжува и паузата за Никола Маркоски.

Се вчитува...