Еурофарм Пелистер 2 рутински против Голден Арт

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до втората победа сезона откако без проблеми славеа на гостувањето кај Голден Арт со 20-28 во натпревар од 4. коло од Суперлигата.

Гостите од Битола фуриозно го отворија натпреварот и веќе по 30 минути игра имаа убедлива предност од седум голови (10-17). Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 20-28.

Петар Атанасијевиќ со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по шест постигнаа Славе Јанковски и Мице Шилегов.

Се вчитува...