Еурофарм Пелистер 2 рутински против Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 без проблеми славеа на домашен терен против Скопје 2020 со 37-26 во премиерниот натпревар во 2022 година во ракометната Суперлига на Македонија како дел од 17. коло.

Вториот тим на битолчани уште од самиот старт почна максимално и веќе на полувреме имаше предност од 18-12. До крајот на мечот разликата само се зголемуваше за на крајот конечни 37-26.

Aндре Буторац со шест гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените пет погодоци постигна Кирил Пешкирски.

Се вчитува...