Еурофарм Пелистер 2 сигурен во дуелот против Куманово

Еурофарм Пелистер 2 влезе во победничка низа во плеј-аут фаза во Супер-лигата откако во второто коло славеше на домашен терен против Куманово со 25-19 во натпревар во кој до победата стигна со убедлива игра во второто полувреме.

Куманово подобро го започна натпреварот, а предноста од 1-3 кое го стекна во воведните минути умешно ја одржуваше во поголем дел од првото полувреме. Сепак како што одминуваа минутите битолчани влегоа во своја серија и успеаја да изедначат на 10-10, но последниот гол во првите 30. минути им припадна на кумановци кои заминаа на паузата со минимална предност од 12-13.

Второто полувреме веднаш донесе промена на моментумот на теренот. Истиот овој пат им припадна на „зелено-белите“ кои со серија од 5-0 успеаја да ја превземат предноста (17-13), одолеаја на налетот на Куманово кој во еден момент се врати на негватива од два гола (17-15) и приредија мирен финиш на средбата.

Со шест гола Талевски беше предводник на Еурофарм Пелистер 2, додека него го следеше Хаџич со пет. 10 голови за Куманово постигна Костов.

Се вчитува...