Еурофарм Пелистер без апсолутно никакви проблеми до убедлив триумф над Прилеп

Еурофарм Пелистер без апсолутно никакви проблеми дојде до убедлив триумф над Прилеп од 33-20 (13-6) во последното 22. коло од регуларниот дел на најсилната ракометна лига.

Битолчани комплетно доминираа во салата „Боро Чурлевски“ од самиот почеток на натпреварот, наметнувајќи резултатска предност која на полувремето изнесуваше седум гола разлика.

Во второто полувреме во еднаков ритам ракометарите на Еурофарм Пелистер одржувајќи ја предност и зголемувајќи ја дополнително дојдоа до конечен триумф од 13 гола разлика, 33-20.

Еурофарм Пелистер, на тој начин, регуларниот дел од сезоната го заврши на чело на табелата со 20 победи, едно реми и еден пораз.

Се вчитува...