Еурофарм Пелистер без грешка во второто полувреме за победнички почеток на 2022 година

Еурофарм Пелситер триумфално ја започна новата година откако во 17. коло од Суперлигата славеше со 34-25 над Охрид. Битолчани кои се мачеа да го најдат своето темпо во првото полувреме одиграа фантастично второ во кое го лимитираа противникот на 11 постигнати голови, реализираа 18 на спротивната страна и сосема заслужено ја продолжија трката за првото место на табелата.

По изедначеното темпо кое преовладуваше во поголемиот дел од првото полувреме Пелистер преку добрата игра во самиот финиш успеа да стигне до минимална предност. При резултат 12-12, домаќините ја зацврстија одбраната, а тоа резултираше со две мини серии за водство од 16-14 по 30. минути игра. За разлика од првото полувреме, во второто „зелено-белите“ влегоа далеку помотивирани па со серија од 4-0 стигнаа до предност од 20-14 и го назначија текот на натпреварот. Од минута во минута Еурофрам Пелистер ја зголемуваше предноста која во еден момент стигна и до +11 (28-17) за мирен финиш и нови бодови.

Божиќ Павлетиќ беше предводник на Еурофарм Пелситер со 8 гола, додека него го следеше Периќ со 6, а еден помалку додаде Граџан. Кај гостите најрасположен беше Додиќ со 6 гола, додека со 5 мечот го заврши Кривокапиќ.

Се вчитува...